fbpx

Истражување на Метаморфозис: Просечната отвореност на општините за 2021 година изнесувала ниски 25 проценти

-

Во земјава постојат општини кои имаат изработено две службени веб-страници или со веб-страница за информирање на граѓаните што не е регистрирана на доменот gov.mk. Некои општини, како онаа на општина Сарај, не ги задоволува барањата за сајбер безбедност, а дури 12 од локалните самоуправи во земјава го немале објавено буџетот на општинската веб-страница. Голем дел од овие страници не ги содржат основните информации предвидени со закон, а просечната отвореност на општините за 2021 година изнесувала ниски 25 проценти.

Ова се само мал дел од резултатите до кои дојде истражувањето на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во чии рамки е направена проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2021 година. Истражувањето на општините траеше помеѓу 1 јуни и 15 јули 2021 година, а ги опфати сите 80 ЕЛС и градот Скопје.

„Индексот на отвореност покажа дека во мерењето за 2021 година најдобри резултати имаат општините Охрид (51 отсто), Василево (48 отсто) и Кочани (48 отсто), додека најниско е рангирана општината Пласница (3 отсто)“, информираат од Фондацијата Метаморфозис.

Истражувањето за 2021 година покажа дека повеќето општини не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Резултатите во областите укажуваат на тоа дека ЕЛС применуваат ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење.

Па така, дел од општините не ги ажурираат редовно сите јазични верзии на веб- страниците, додека повеќето општини немаат некаков документ (стратегија, политика, постапка) во врска со отвореноста и транспарентноста. Општините, исто така, треба повеќе да инвестираат во едукација на вработените на овие теми.

Истражувањето спроведено врз основа на Индексот на транспарентност покажа дека општините исполнуваат 45 отсто од индикаторите опфатени во под-областа организациски информации.

Исто така, резултатите водат кон заклучокот дека општините генерално не објавуваат никакви или минимални податоци за работење на јавните претпријатија и работата на советот.

„Кај голем дел од општините единствена информација за јавните претпријатија е линк до веб страницата на истото, каде нема речиси никакви документи и информации од корист за граѓаните“, велат од Фондацијата Метаморфозис.         

Дополнително, загрижувачка е бројката од 21 општина кои немаат објавено никакви податоци поврзани со процесот на донесување одлуки. Ова е значајна област која треба да се подобри бидејќи со поголема пристапност на информациите за одлуките на Советот и градоначалникот, навремено известување за нивната работа, граѓаните добиваат можност за вклучување во донесувањето на јавните политики на локално ниво.

Истражувањето покажа дека македонските општини многу малку работат на собирање и објавување на податоци за ефективноста на политиките, нивниот степен на спроведување и нивното влијание.

Во делот на финансиската транспарентност, единиците на локалната самоуправа исполнуваат само 27 отсто од индикаторите, при што најдобри резултати покажала општина Карпош (58 отсто), додека никакви податоци за финансиското работење не објавиле општините Теарце, Сарај, Студеничани и Сопиште во периодот на спроведување на истражувањето.

Притоа, само 10 општини од земјава имаат објавено граѓански буџет, со што се скратува можноста граѓаните, на едноставен начин, преку графикони и илустрации, да го разберат буџетот. Воедно, општините не објавуваат податоци за платите на функционерите и надоместоците на членовите на Советот на општината.

Резултатите покажуваат дека општините објавуваат дел од документите (податочните сетови) кои се нивна законска обврска, но не сите. Сепак, општините Охрид, Кавадарци, Прилеп, Василево, Зрновци, Аеродром, Штип, Ѓорче Петров, Вевчани, Желино, Куманово и Росоман за прв пат годинава објавија на своите веб-страници податочни сетови во машински обработлив формат.

„Иако бројката на општини не е голема (12) ова е значаен напредок во работењето на овие ЕЛС и голем исчекор во нивните напори за унапредување на отвореноста во работењето. Националниот портал за отворени податоци, data.gov.mk, до денес содржи 281 сетови на податоци објавени од 57 субјекти, а само 3 од нив се ЕЛС“, велат од Фондацијата Метаморфозис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...