Истражување на ИРИ: Градоначалниците незаинтересирани да ги вклучат граѓаните во одлучувањето

-

Неодамнешната квалитативна студија спроведена во Северна Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува претежно слаба работа на градоначалниците и невклученост на граѓаните во локалната самоуправа, пред сè поради незаинтересираноста на локалната власт. Со студијата е дојдено и до сознанието дека македонските граѓани го поддржуваат пристапувањето во ЕУ, но не по цена на нивниот национален идентитет.

Истражувањето посочува дека граѓаните во голема мера се незаинтересирани да учествуваат во локалната власт, а како причина ги наведуваат градоначалниците за кои сметаат дека се неангажирани и рамнодушни кон гласачите. Граѓаните честопати не се запознаени ни со имињата и работата на општинските советници.

Додека мислењето за некои градоначалници е позитивно, мнозинството од оценетите добија мешани или главно негативни критики. Позитивно оценетите градоначалници активно комуницираат, ги одржуваат ветувањата и се достапни за граѓаните, посочува ИРИ.

„Во поголемиот дел општини во Северна Македонија, градоначалниците и општинските советници треба да бидат поодговорни кон нивните гласачи и треба подобро да ги овозможуваат основните услуги и подобро да комуницираат со граѓаните за нивните локални проблеми и потреби. Во спротивно, градоначалниците ризикуваат граѓаните уште помалку да учествуваат во локалната власт и да изгубат на претстојните локални избори“, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа.

Учесниците во истражувањето наведуваат дека незадоволителните градоначалници не дејствуваат според потребите на граѓаните и честопати не ги исполнуваат ветувањата од изборната кампања. Во овие случаи, учесниците сметаат дека локалните лидери се неефикасни, незаинтересирани и понекогаш несоодветни за функцијата која ја извршуваат.

Иако граѓаните имаат мала верба дека Северна Македонија ќе го заврши процесот на пристапување во ЕУ, поддршката за членство во ЕУ останува генерално висока. Учесниците веруваат дека интеграцијата во ЕУ би била од корист за Северна Македонија, би придонела за евентуално зголемување на благосостојбата на граѓаните и за намалување на корупцијата. Сепак, меѓу учесниците постои скептицизам за тоа дали земјата ќе го заврши процесот за пристапување во ЕУ, изразувајќи загриженост за тековниот спор со Бугарија и други домашни прашања, се вели во заклучоците од студијата.

Квалитативното истражување е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од страна на агенција за истражување на пазарот БРИМА и се заснова на 21 онлајн дискусија во фокус-групи што се одржаа во 18 општини, од 3 март до 9 април 2021 година. Дискусиите во фокус-групи се спроведени со полнолетни, неопределени гласачи од различни сегменти на населението. Резултатите не ги претставуваат мислењата на сите неопределени гласачи.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...