Истражување: 45 македонски државјани имаат имоти во Дубаи во вредност од 14 милиони долари

-

Иако не се наведени конкретни имиња, но опсежното истражување на Центарот за напредни одбранбени студии од САД во кое се обработени податоци од 2020 година покажува дека 45 македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во вредност од 14 милиони евра.

Во истражувањето кое денес го објави и норвешката веб-страница Е24 е наведено дека не е невообичаено ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат.

Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин.

Истражувањето покажало и дека меѓу другите од регионот најмногу, односно вкупно 517 Грци поседуваат 1.007 имоти со вредност од 327 милиони долари.

Втори на списокот по бројност од земјите од нашето соседство се наведени 287 имоти кои се во сопственост на 237 граѓани од Србија, а нивната вредност е 74 милиони долари, помалку од пет државјани на Косово имаат „помалку од пет имоти“, во вредност од еден милион долари.

За Бугарија забележано е дека 247 граѓани имаат 384 имоти со вкупна вредност од 66 милиони долари.

Проценети на вкупна вредност од седум милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти. Вкупно 56 имоти поседуваат 46 државјани на Словенија, а вкупната вредност им е 26 милиони долари. Вкупно 125 имоти со вредност од 43 милиони долари поседуваат 94 хрватски државјани.

Исто така 68 граѓани од Босна и Херцеговина поседуваат 105 имоти со вредност од 27 милиони. 11 Црногорци поседуваат 16 имоти во Дубаи со вредност од 7 милиони долари.

Најголем број од лицата кои поседуваат имот воопшто во Дубаи се руски олигарси, политичари и јавни функционери, 5.381 од нив поседуваат 9.755 недвижнини со вредност од 3,344 милијарди долари.

Потоа следат државјани на Европската Унија меѓу кои има и европски политичари и пратеници обвинети за лошо управување со јавните фондови или за непријавување на целосниот обем на нивните приходи и имот.

„Преселувањето на оддалечените пазари за перење приходи од криминал ја покажува зголемената софистицираност на балканските криминалци и е показател за тоа колку овие организации станаа флексибилни и бизнис-ориентирани. Агенциите за спроведување на законот треба да работат со Обединетите Арапски Емирати за да го решат ова прашање, вклучително и долгорочен пристап“, се вели во истражувањето.

Исто така, во истражувањето е нагласено и дека понатаму треба да се направи повеќе за да се одговори на ризиците од враќање на парите од прекуокеанскиот криминал во кревката политичка економија на Западен Балкан.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...