Истражување: До 2100 година во Македонија температурите ќе пораснат за 5 степени, во Скопје нема да има зима

Граѓаните најмногу ги забележуваат климатските промени преку климатските екстреми, односно преку разликата на температура, топлотни бранови/студени бранови и преку промените во годишните времиња, ова го покажуваат резултатите добиени од истражувањето за јавното мислење за климатски промени, спроведено во октомври 2019 година од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проекциите кои се правени по три сценарија, опфаќајќи неколку модели, кои ги покажуваат промените во климата и климатските екстреми до 2100 година покажуваат дека температура во нашата држава до крајот на овој век ќе се покачи до 1,5 степени целзиусови при најниска емисија на стакленички гасови, или до 2,5 при средна и 5 степени целзиусови при висока.

„Со промена на температурата, ќе се променат и годишните времиња, при што се очекувани подолги лета, за што најмногу ќе претрпи стрес земјоделството, а исто така се проектира и зголемена количина на врнежи и нивна несоодветна распределба, со што ќе се зголеми ризикот за поплави и можноста за справување со нив“, се вели во извештајот.

Се очекува зголемен број на тропски ноќи, односно ноќи во летниот период кога температурата во ноќта не паѓа под 20 степени целзиусови, предизвикувајќи влошување на здравјето и нормалното функционирање на човекот.

За регионот Струмица, се очекува овие денови да пораснат до 50 во текот на летната сезона, а за Скопје бројот на мразни денови може да се намали и за 60, што значи дека ќе нема зима.

„Неизбежна ни е потребна примена на строги мерки за намалување на ефектите од климатските промени и намалувањето на емисиите на стакленички гасови, како не би дошло до ситуации на зголемени услови за суша и поплава, екстремно зголемување на бројот на топли денови и намалување на ладните денови“ – стои во извештајот.

Извештаите се изработени во рамките на проектот за подготовка на Третиот Двогодишен извештај за климатски промени, кој Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го спроведува со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ.

Вебинарите можете да ги проследите на следните линкови: