Истрагата за трагедијата во Кочани трае, Обвинителството не открива детали

Осомничени за трагедијата се десетици лица, меѓу кои сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат, инспектори, градоначалници, продавачи на билети, неколку компании од Кичево и од Скопје, полициски службеници

-

Истражната постапка на Јавното обвинителство за трагедијата во Кочани, во која животите ги загубија 59 лица, а стотици беа повредени, е во тек, но засега не смее да се откриваат детали, соопштија денеска оттаму.

„Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. И денеска се во тек такви дејствија кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на различни институции. Но, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, Обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, соопштија оттаму.

Трагедијата се случи рано утрото на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на членовите на групата ДНК, откако избувна пожар, од задушување животите ги загубија 59 лица, најмногу млади, а стотици беа повредени. Најтешко повредените беа испраќани на лекување и третман во земјите во регионот, како и во европски здравствени центри.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, неколку дена по катастрофата, соопшти дека осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат, инспектори, градоначалници, продавачи на билети, неколку компании од Кичево и од Скопје, полициски службеници. Тој кажа дека сите тие знаеле дека дискотеката не ги исполнува условите, но придонеле кон тоа таа да работи и да организира концерти и забави.

 

 

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата,...

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Обвинителката Ленче Ристоска утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека поради нејзината апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, станала мета на неосновани напади и клеветнички изјави. „Денес...

Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Oваа недела Epic Games нудат две бесплатни хорор игри на промоција да се превземат до четврток. Се работи за игрите  „Dead Island 2“ и „Happy Game“. Двете игри се со експлицитни...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка...