Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе паричните средства од оштетените, по што на лице место бил лишен од слобода од полициски службеници

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26 годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело, соопшти Осовното јавно обвинителство.

Осомничените, во периодот од март 2024 година до 4 февруари годинава, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со сериозна закана ги присилиле двајца оштетени сопружници да им дадат парични средства во износ од 10.000 долари.

„Жртвите најпрво почнале да добиваат пораки од првиот осомничен на социјалната мрежа „Фејсбук“, дека нивниот син наводно му должи пари, без да наведе износ. Потоа започнал да им испраќа и заканувачки пораки, а го ангажирал и вториот осомничен со други непознати лица да им се закануваат на оштетените и да бараат исплата на наведените средства. Како дел на дејствијата на изнуда, тие им го скршиле стаклото на автомобилот на жртвите, со молотов коктел им ја опожариле влезната врата од станот и континуирано им се заканувале по живот“, наведено е во соопштението на ОЈО.

Синот кој бил во Америка исто така им потврдил на родителите дека и таму добива закани преку пораки и јавувања. На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе паричните средства од оштетените, по што на лице место бил лишен од слобода од полициски службеници.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, како и мерка куќен притвор за помагачот“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...