Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истрага против едно лице за кривично дело Убиство.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот 28-годишник, во четвртокот (26 септември) во фабрика во селото Голема Речица со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво.
Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.