Историска победа на корејскиот “Паразит“

За прв пат во историјата на Оскарите најважната награда, наградата за најдобар филм ја доби филм од не-англиско потекло.

Филмот „Паразит“ доби вкупно 4 оскари за најдобар филм, најдобро оригинално сценарио, најдобар интернационален филм и најдобра режија, со што стана вистинскиот победник на вечерта.

На листата на добитници се најдоа и Хоакин Феникс за филмот Џокер и Брет Пит кој конечно по долга актерска кариера, го доби првиот оскар за глума.

За најдобар филм: („Паразит“).

Најдобра режија, Бонг Џун Хо („Паразит“).

Најдобра женска улога – Рене Зелвегер („Џуди“).

Најдобра машка улога – Хоакин Феникс („Џокер“).

Најдобра споредна женска улога – Лора Дерн („Брачна приказна“).

Најдобра споредна машка улога – Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“).

Најдобар документарец, („Американска фабрика“).

Најдобар странски филм – („Паразит“).

Сепак очите на нашата држава беа вперни кон категоријата за најдобар документарен филм во кој беше номиниран документарецот Медена Земја. Победник во оваа категорија на крајот сепак беше документарниот филм „Американска фабрика“ во продукција на Нетфликс и Барак и Мишел Обама. И покрај оваа победа Нетфликс ја заврши вечерта како еден од губитниците на вечерта бидејќи освои многу малку статуетки со оглед на тоа дека потрошиле 100 милиони долари на предоскаровска кампања. Нашата „Медена земја“ беше еден од фаворитите за оскарот и се најде во друштво на „Ирецот“ и „1917“ кои исто така беа огромни фаворити, но на крајот не го добија признанието.

Медена земја оваа година исто така запиша историја, бидејќи е првиот документарен филм номиниран и во категоријата за најдобар филм од интернационално потекло.