fbpx

Истиномер: Вучиќ или најавува пораз на изборите или го предупредува членството да се ангажира повеќе

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите istinomer.rs ја проверил изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека неговата партија, Српска напредна странка (СНС) е на чекор да ги загуби изборите, ја проверил и сега пред претстојните избори на 21 јуни.

Вучиќ во обид да ги мотивира членовите или пак, можеби, да им влее лажна надеж на своите политички противници, рекол дека на изборите политичките противници може да ја симнат од власт СНС. Изјавата е од 4 мај.

„Тие нека гледаат како ќе ме урнат, немам проблем со тоа, единствено што мора да се држат за законот, и тука нема некоја голема филозофија. А власт се менува на избори, еве им извонредна прилика. Гледам дека се кршат, имаат единствена шанса. Јас ги повикувам да дојдат, да ја искористат таа голема шанса, народот навистина е незадоволен, луѓето – не можат сите да разберат дека го штитевме нивното здравје, а и дека не од обичен хир воведовме вонредна состојба. Нека ја искористат таа прилика и нека победат на изборите. Им посакувам голем успех!“, рекол Вучиќ.

И пред кризата Вучиќ давал слични изјави, констатира istinomer.rs. но и партиското членство го предупредувал дека „воопшто не смеат да бидат сигурни во победа“ а и рекол дека „се надева оти нема да биде претседателски кандидат“, најверојатно очекувајќи дека неговата партија ќе „најде подобар кандидат“.

Според чуеното, изгледа дека Вучиќ одамна најавува дека победата на неговата партија не е гарантирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...