fbpx

Istinomer.rs ги оценува предизборните ветувања на претседателот на Србија, Александар Вучиќ

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите istinomer.rs пред претстојните парламентарни избори во Србија анализира што кажал сегашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, а тогашен мандатар за состав на нова влада, во своето експозе во 2016 година. Сервисот за проверка на фактите притоа оценува неколку важни ватувања, од кои како прв го наведува Законот за потекло на имотот.

Istinomer.rs наведува дека за донесување на таков закон се зборува уште од падот на Слободан Милошевиќ, а тој бил усвоен дури на 29 февруари годинава. Актуелната партија на власт – Српска напредна странка на Александар Вучиќ, пак, за донесување ваков закон зборувала уште од 2012 година, односно самиот Вучиќ како премиер тогаш ветил дека ќе се донесе Закон за потекло на имотот, а откако тоа не се случило во 2013 г., ветено е дека нацрт за таков закон ќе биде готов во 2015 година, но и од тоа ветување ништо.

Следниот пат кога се дал рок за донесување таков закон било погореспоменатото експозе на Вучиќ во август 2016 година, односно тој рекол дека до крајот на годината тоа ќе биде направено, а тоа сепак се случило дури годинава.

Новите автопатишта исто така биле крупен елемент во експозето на Вучиќ во 2016 година, при што ветил дека до крајот на мандатот на неговата влада што се гласала тогаш, ќе може да се патува целосно по автопат од граничните премини Хоргош со Унгарија и Шид со Хрватска до граничниот премин Градина на бугарската граница. Ветил и дека до крајот на неговиот мандат целосно по автопат ќе се оди и се до македонската граница, за што во тој момент недостигала автопатска инфраструктура на две делници – 28,6 километри низ Грделичка Клисура и 9,8 километри на потегот Левосоје – Српска Куќа. За истиот рок Вучиќ го ветил и автопатот до Чачак, па дури и до Пожега.

Но, пишува istinomer.rs, автопатот до Чачак, кој спаѓа во Коридорот 11 не е завршен во текот на неговиот премиерски мандат, туку пред речиси една година, по многу нови рокови.

istinomer.rs вели дека уште во јули 2014 година Вучиќ најавувал дека до Чачак ќе се патува по автопат до крајот 2016 година, а до Пожега до март 2017 година. Но тоа не се случило, а оттогаш неколку пати и Вучиќ и министерката Зорана Михајловиќ давале нови рокови, за конечно делницата до Чачак да биде отворена на 15 август 2019 година.

Српскиот сервис за проверка на фактите потсетува и дека завршувањето на автопатот од Белград кон Македонија е пролонгирано поради проблеми со изведбата на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...