Комисијата за техничка инспекција за добивање лиценца за употреба нема дадено зелено светло за теренска проверка на жичарницата со шест седишта во Попова Шапка. Поради тоа, истече уште еден законски рок за пуштање на жичарницата во употреба, пишува „Порталб.мк“.

Сега е веќе прашање на недели кога се очекува да започне сезоната во Попова Шапка, дозволата за пуштање во употреба на жичарницата со шест седишта продолжува да се одолговлекува низ институциите. Колку за потсетување, Министерот за економија, Крешник Бектеши, вети дека жичарницата ќе биде функционална за сезоната 2019/2020.

„Порталб.мк“ дознава дека Комисијата за техничка инспекција за лиценца во рамки на Министерството за транспорт и врски има побарано од компанијата ЕЛЕМ, дополнителни документи во врска со жичарницата со шест седишта во Попова Шапка.
Според законскиот рок, Комисијата требало вчера да наложи контрола на терен, но ЕЛЕМ не ги има доставено сите документи, а за тоа, според Законот за градежништво, ќе бидат потребни уште максимум 15 дена да оваа компанија ја комплетира документацијата.

Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата, тврдејќи дека сé се одвива „добро“.

„Побарани се дополнителни документи, постапката тече како што треба” рекоа од ЕЛЕМ за „Порталб.мк“.

И од Министерството за транспорт и врски рекоа дека овој предмет е се уште во постапка, и дека се надеваат дека сето ова ќе заврши до крајот на овој месец. Крајниот рок за поднесување конечен одговор од Министерството за транспорт и врски е 11 февруари (вторник).

„Давањето лиценца за пуштање во употреба на жичарницата со шест седишта во Попова Шапка е се уште во постапка, и се надеваме дека истата ќе заврши до крајот од овој месец” рекоа од Министерството за транспорт и врски.

Инаку, уште од октомври 2019 година, кога официјално е завршена повторената постапка за пуштање во употреба на жичарницата со шест седишта, односно пренамена на земјоделското земјиште во индустриско, документите за продолжување на постапката „спиеле“ во фиоките на ЕЛЕМ до крајот на декември. Значи, барањето за пренамена на земјиштето од земјоделско во индустриско било завршено на 21.10.2019 година и истото е објавено во Службен Весник.

Првиот договор за изградба на жичарницата е потпишан на 10 март 2014. Оттогаш земјоделското земјиште е претворено во обработливо земјиште. Одлуката на Владата за ова е објавена во Службен Весник бр. 190/14 од 02.12.2014 година.

Но, поради оддолговлекување на постапките од страна на институциите и некои други непознати фактори, изградбата на жичарницата започна во јуни 2016 година. Сепак, веднаш се појавија други пречки, Државниот инспекторат за животна средина, заради некои пропусти, во јули 2016 година реши да ги прекине градежните активности.

Работите продолжија во јули 2018 година, а пуштањето во употреба не се случи вчера, ниту денес на 23 јануари 2020 година.

Инаку, уште од 2012 година се дискутира за многу, сепак секогаш исти проблеми со кои се соочува „Попова Шапка“. Некогаш беше скијачки центар познат во регионот и пошироко. Се инвестирало во инфраструктурата, се организирале скијачки натпревари со учесници од целиот свет и била омилена дестинација за многу планинари и скијачи.