fbpx

Истече дозволата за транспорт на хемикалиите од ОХИС, за нова ќе се почека и до три месеци

-

Фирмата „Екоцентар 97“, која треба да го исчисти ОХИС од 11 високотоксични хемикалии, ќе мора да ја обнови дозволата за прекуграничен транспорт на опасен отпад пред да продолжи со активностите. Застојот во изнесувањето на хемикалиите се случи заради затворањето на границите по пандемијата на Ковид-19, а во меѓувреме истече Нотификацијата која е задолжителна за транспорт на ваков вид отровни материјали. Компанијата деновиве се подготвува да аплицира за нова, но административните работи може да потраат и два до три месеци.

Од „Екоцентар 97“ информираат дека за извоз преостануваат опасниот винил хлорид мономер, околу 14 тони и останатата количина на хемиски супстанции од околу 4,6 тони иницијатори и 5,2 тони хемикалии со непознат состав.

„Извозот на последните хемиски супстанци, во рамките на проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“ Скопје, беше планиран кон средината на март, но се одложи поради ширењето на коронавирусот. Во меѓувреме истече дозволата, а извозот ќе може да продолжи по завршување на сите административни процедури и добивање на новата Нотификација од транзитните држави Србија, Хрватска, Словенија и Австрија и од Германија“, информираат од„ Екоцентар 97“.

Преточувањето на опасната хемикалија винил хлорид, пред транспортот ќе го врши фирмата „Куриум“ од Франција, специјализирана за третман на ваков вид опасен отпад, но експертите од Франција и Италија заради пандемијата не беа во можност досега да ја  реализираат планираната посета. За овој опасен отпад „Екоцентар 97“ веќе има потпишано договор за третирање во инсценератор во Германија.

„Веднаш по отворањето на границите ќе продолжиме со планираните активности за преточување и извоз на винил хлоридот. Досега во рамкте на проектот, ‘Екоцентар 97’ изнесе речиси 64 тони опасни хемикалии во кои има метанол, акрилонитрил мономер, но и непознати хемикалии во „Валорек Сервисис“ инсенераторот во Базел, Швајцарија. На 15 март требаше да се реализира и последната пратка за Швајцарија со остатокот од околу десетина тони токсични хемикалии. Се работи за 4,6 тони иницијатори и 5,2 тони непознати хемикалии кои веќе се спакувани во специјални АДР буриња и се чуваат во магацините на ОХИС подготвени за транспорт. Кога ќе се транспортираат тие и винил хлоридот, завршуваат обврските на ‘Екоцентар 97’ според договорот кој предвидува отстранување на 11 видови опасен отпад лоцирани во кругот на фабриката ОХИС“, информираат од компанијата.

Изнесувањето на токсичните материи од фабриката, кои повеќе од четири децении го загрозуваат здравјето на скопјани, ќе треба да продолжи со чистењето на малата депонија на линдан, а ќе останат и останатите две депонии, како и остатоците од жива во погонот за електролиза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...