fbpx

Ист Гејт Мол ги отвори портите: Се очекуваат 12 милиони посетители годишно

-

Денеска портите на Ист Гејт Мол во Скопје се официјално отворени за сите посетители. Инвестицијата во висина од 103 милиони евра се очекува да привлече 12 милиони посетители годишно, од земјава и блискиот регион.

„Од денес, Ист Гејт Мол е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, којшто се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг мапа“, соопштија од компанијата Скопје Ист Гејт.

Објект е лоциран на 5 минути возење од центарот на градот и е веднаш до автопатот М4. Се изгради на локацијата на некогашниот Скопски саем. Создаден е со помош од над 2.500 вработени и се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 метри квадратни, како и на простор за закупување од околу 57.000 метри квадратни.

Во склоп на истиот се простираат 2.000 паркинг места, 220 продавници, кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови, коишто за прв пат се претставуваат во земјата.

„Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање на нова генерација на европски трговски центар на високо ниво, којшто овозможува работни места за над 1.500 луѓе и за којшто сме сигурни дека ќе биде референтна точка не само за градот Скопје, туку и за голем дел од балканскиот регион,“ изјави Сотириос Јанакудакис, менаџер на Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Мол е инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист Гејт изнесува 350 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...