Во тек е бета тестирањето на најновата експанзија на Guild Wars 2 наречена End of Dragons. На секој играч му се доделени три бета слотови за ликови (што ќе бидат целосно избришани кога ќе заврши тестирањето и нема да се смета напредокот со тие ликови) за да ги испроба трите најнови специјализации за месмер, некро и гардијан. Настанот трае до 21 август. Според најновите информации од тестирањата најдобар-најефикасен во PvP од трите е оној што изгледа најлошо со анимации а тоа е месмерот. Елитната специјализација се вика Виртуоз:
По привлечност и изглед, естетски најдобри нови способности има Гардијанот со новата елитна специјализација Willbender каде Гардијанот користи два меча (новитетот е втор меч во левата рака) и има привлечни акробатски анимации и голема мобилност а многумина играчи се шегуваат дека му ја земал улогата на Thief-от Дердевил, дека има удар со нога, удари со тупаници и вртење како познатата whirlwind способност во повеќе RPG игри. Дури и елитниот скил Heavens Palm му е нокаут од 4 секунди(што го легнува и изолира противникот и ги бутка сите други непријатели на дистанца) што во динамична брза PvP битка каде секоја милисекунда и рефлекси се битни изгледа како предолго време.
И третиот на листата е Некромансерот којшто ја добива новата елитна специјализација Harbinger којшто е најнеинтересен. По сè изгледа дека поради тоа што оваа специјализација зависи од сојузниците за лечење за разлика од, на пример, Reaper или Core Necro што имаат практично 2 health bar-а, таа е повеќе како поддржувачка професија сепак не е толку ефикасна како Виртуозот Месмер.
Следното подолго видео ги обработува сите три нови елитни специјализации во детали, што прави секоја од новите магии, како можат да се комбинираат и сврзуваат па дури и детални бројки за штетата што ја нанесуваат или бафовите што ги имаат. Исто така е објаснет и Lore-от што стои позади секоја нова специјализација. Но, во следното видео можат да се видат сите три нови специјализации во акција: