Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс, во Каталонија, каде што петмина терористи со автомобил повредија петмина граѓани и еден полицаец, јавуваат светските медиуми.

Полицијата ги уби петмината терористи, а идентификувани се телата на тројцата од нив. Истовреме, безбедносните сили трагаат по возачот на комбето кој изврши напад во Барселона, односно влета на улицата Ла Рамбла и усмрти 14, а повреди 100 лица.

Исламска држава вчера ја презеде одговорноста и за нападот во Барселона.