fbpx

Искривена слика за учебникот по Историја и општество за 4 одделение

-

Во четврто одделение не постои предмет само Историја, туку предметот се вика Историја и општество и во него, освен теми од општество, како што се оние прикажани на фотографијата во постот, има и теми од македонската историја. Учебниците за 4 одделение се достапни онлајн на е-библиотека и во електронска форма и секој може да го види и симне учебникот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук манипулира со содржината на учебникот по „Историја за 4 одделение“ со цел политички да поентира, односно да ја нападне Владата.

Ова било содржината на учебникот по ИСТОРИЈА за 4то одделение. Училишна програма наметната од неолибералите за колонии како севернава вукојебина. Ставот на едниот квинслиг Мурто, е повеќе од јасен зошто он ја наметнува оваа програма од позиција на власт. Кој е ставот на другиот квинслиг Курто за наметнување на оваа програма? Не на некои членови што филозофираат дали се согласуваат или не, туку на официјалното раководство, на ШПИЦНИОТ кандидат, на оние што боцкаат мачмалоу и шпагети, пишува во објавата.

Постот е придружен од фотографија на која е прикажан само еден дел од содржината на учебникот.

Во четврто одделение не постои предмет само Историја, туку предметот се вика Историја и општество и во него, освен теми од општество, како што се оние прикажани на фотографијата во постот, има и теми од македонската историја. Учебниците за 4 одделение се достапни онлајн на е-библиотека и во електронска форма и секој може да го види и симне учебникот.

Доколку го отворите истиот, ќе видите дека лекциите се поделени во три дела. Првиот дел е „Моето опкружување“ во кој се лекциите прикажани на фотографијата во постот, вториот дел е „Средината во која живеам“ во кој има лекции за население, општина и симболи на општината, градоначалник, екологија, стопански дејности и слично и третиот дел е „Мојата држава“ во кој има лекции за Илинденското востание, Крушевската Република, АСНОМ, Рефререндумот за независнот и други.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот свесно манипулира со јавноста прикажувајќи само дел од содржината на учебникот. Според тоа на постот му недостига контекст.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...