ИРЛ: Како лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина завршија во Македонија, САД и ЕУ?

-

Брзиот имунолошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а не е ни толку прецизен колку што се тврди, пишува ИРЛ, која подготви истражување за тестовите со своите партнери од OCCRP.

Тоа не е единствениот случај на кинески тестови во светот да се нудат како европски или производени во САД, велат истражувачките новинари кои работеле на случајот. Тие откриле уште најмалку три брендови кои како свои продавале тестови направени од кинески производител.

Неефикасниот тест довел и до лажна надеж за 45-годишниот Роџер Зекировски, кој починал од Ковид-19 три дена по тестирањето со „холандски“ тест, пишува ИРЛ.

„Тестот, продаден од холандската компанија Инзек Интернешнал Трејдин под брендот Биозек – беше еден од најмалку три брендови на брзи тестови за корона вирусот издаден од европски и американски производители, кои всушност се ре-брендирани од популарен кинески тест. Тестот произведен од Хангзоу Аллтест Биотех Цо. Лтд, во неколку независни испитувања се покажал помалку точен отколку што се тврди. Владата на Велика Британија ја откажа нарачката за тестовите, откако наводно открила дека не успале да ги исполнат нивните стандарди за точност“, се тврди во текстот на ИРЛ.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...