ИРЛ, ХК и МЗМП: Надлежните институции сами ја зголемуваат недовербата на граѓаните во нив по пресот за „Нечиста крв“

-

„Надлежните лица од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Лекарската комора и Агенцијата за лекови, кои се обратија на прес конференцијата, надлежноста за одговори, како и што е веќе вообичаено, ја префрлија на други институции и упатија молба до јавноста и медиумите за повеќе време, за надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба“, се наведува во денешната реакција од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Хелсиншкиот комитет (ХК) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за вчерашната прес-конференција за случајот со болницата „Жан Митрев“.

Во реакцијата стои дека надлежните институции со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во нив како и дека истите се обиделе да ги релативизираат наодите и изјавите од документарниот филм „Нечиста крв“.

„Да потсетиме дека сите институции веќе беа запознаени со истражувањето на ИРЛ неколку месеци пред документарното истражување воопшто да биде објавено. Дополнително, дел од наводите кои беа изнесени, дека спорната метода не е дел од општоприфатените протоколи за лекување, беа познати уште на самите почетоци на нејзиното практицирање. Сепак, конкретни мерки не беа преземени“, стои во образложението за реакцијата.

Здруженијата и ИРЛ посочуваат дека семејствата на пациентите реагирале во изминатите две години до институциите, но, како што нагласуваат, не добиле повратен одговор дали нешто воопшто е преземено.

„Останува нејасно, зошто ниедна институција не реагирала пред објавата на документарниот филм, со оглед на фактот што хемофилтрацијата била со месеци агресивно рекламирана на телевизиите од сопственикот на болницата, доктор Жан Митрев. Центарот за јавно здравје е прва институцијата која ја прима информацијата дали во некоја од здравствените установи има интрахоспитални инфекции. Но, на прес конференцијата немаше претставник од оваа клучна установа, што укажува на недоволна транспарентност и отвара дополнителни сомнежи“, се наведува во денешната реакција.

За засегнатите граѓани, во реакцијата пишува дека се обратиле до редакцијата на ИРЛ и дека дел од нив имаат поднесено и кривични пријави, како семејството Брезеви, кои, како што се укажува во реакцијата, повеќе од осум месеци чекаат на правна разврска за кривичната пријава поднесена за начинот на лекување на починатиот Никола Брезев во клиничката болница „Жан Митрев“.

„Го повикуваме Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на овој случај, и особено да обрне внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватни здравствени установи“, апелираат здруженијата и ИРЛ во нивната реакција и упатуваат апел до Јавното обвинителство да ја извести јавноста за преземените мерки во најкус можен рок.

Стотици нови пријави од граѓани добиле новинарите на ИРЛ по објавата на „Нечиста крв“

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...