Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.
Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските напади во текот на изминатите дванаесет дена.
Портпаролката на Владата, Фатемех Мохаџерани, за државната телевизија кажа:
„Сведоци бевме на напади врз станбени области, како и врз научни центри, истражувачки институти, здравствени установи и цивили. Затоа се соочуваме со голема задача во однос на обновата. Почнавме да ја проценуваат обемот на штетата“, изјави таа.