fbpx

Ирачките сили ги продолжуваат борбите во Мосул

-

Ирачките сили денеска продолжија со ослободување на Мосул од Исламска држава, напредувајќи полека кон источните квартови.

Ден по паузата поради лошите временски услови, утринава се продолжени воздушните и артилериските напади.

Еден војник загинал во борбите, а цивилите, од кои некои биле ранети, бегале од судирите.

Неименувани претставници велат дека целта на ирачката војска е да заземе целосна контрола на градскиот кварт Тахири и оттаму да тргне кон соседниот дистрикт Мухарабин.

Ирачката војска минатиот месец поведе голема офанзива за преземање контрола над Мосул, втор по големина град во земјата, но наиде на силен отпор од ИД. Тие успеаја да влезат само во неколку источни области.

Поради големата облачност и намалената видливост, авионите и беспилотните летала вчера не можеа да продолжат со операциите, па специјалните сили наместо тоа поставиле контролни пунктови и ја чистеа територијата од експлозиви.

Мосул е последно големо упориште на исламските екстремисти во Ирак и ослободувањето на овој град би ѝ задало тежок удар на Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...