Силите на ирачките Курди денеска почнаа нова офанзива во рамките на големата операција која ирачката војска заедно со нив ја спроведува за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските агенции.

Курдските сили, познати како „пешмерга“, соопштиле дека денеска почнале офанзива на два фронта во правец на североисточниот дел на Мосул и во близина на малиот град Башика.

Во офанзивата на Мосул учествуваат повеќе од 25.000 припадници на ирачките копнени сили, како и авиони и советници на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Проценките се дека ќе бидат потребни недели, па дури и месеци, за милитантите на ИД да бидат истерани од Мосул, кој е втор по големина град во Ирак и последно упориште на групата во земјата.