fbpx

Ирачките и курдските сили тргнаа во офанзива на Мосул

-

Курдските сили во Ирак вчера освоиле неколку села кај Мосул, кој се уште е под контрола на ОД и подготвуваат офанзива на ова најголемо упориште на исламските милитанти во Ирак.

Офанзивата почнала во недела, со воздушна поддршка од коалицијата предводена од САД.

Силите на курдските борци и ирачките власти го опколиле Мосул, пред почетокот на офанзивата на овој втор по големина град во Ирак, кој исламските милитанти го освоија пред две години.

Неименуван курдски командант рекол дека во операцијата учествувале повеќе од 5.000 борци и оти се водат жестоки борби.

Силите на ирачката влада настојуваат да стигнат до Мосил од јужниот дел на градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...