fbpx

Ирачката војска пронашла импровизирана фабрика за бомби кај Мосул

-

Специјалните сили на ирачката војска денеска ја истражиле мрежата од подземни тунели источно од градот Мосул и пронашле импровизиран објект што милитантите на Исламска држава (ИД) го користеле за правење бомби, јавуваат светските агенции.

Импровизираната фабрика за бомби била пронајдена во село во близината на Мосул, кое е ослободено во рамките на офанзивата на ирачките сили и на нивните сојузници против милитантите на ИД.

Ирачките специјални сили, исто така, пронашле и тунел, опремен со светла и со вентилација, кој водел од локалната џамија до главниот пат.

Во досегашните операции за ослободување на Мосул, кој е последното упориште на ИД во Ирак, биле откриени голем број подземни тунели, кои, како што се смета, милитатните на екстремистичката организација ги користеле како засолништа од воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...