fbpx

Инженери дале дозвола за енергетски објект што не ги исполнувал минималните технички услови

-

Кичевската полиција поднела кривични пријави против З.Д. (52) и Д.Р. (59), од Тетово, кои се осомничени дека пред пет години, како надзорни градежни инженери, дале согласност да се пушти во употреба енергетски објект кој не ги исполнувал минималите технички услови.

Осомничените, според полицијата, се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Двајцата осомничени во текот на 2010 година, како надзорни градежни инженери, при градба на објект Котловница со резервоари за течно гориво и со резервоари за течен нафтен гас, во завршниот извештај навеле дека резевоарите се поврзани и работите се изведени според одобрението на Општина Кичево и предложиле објектот да се пушти во употреба иако, според полицијата, знаеле дека градбата не ги исполнува минималните технички услови.

Пропустите биле констатирани од работна група на Регулаторната космија за енергетика, по извршена контрола.

Од полицијата информираат дека осомничените, со кривичното дело за кое се товарат, ѝ овозможиле на фирмата „С-ИГОР“ ДООЕЛ, што го користела објектот Котловница, да стекне лиценца за вршење енергетска дејност и во периодот од март 2011 до октомври 2014 година, за кој ја поседувала лиценцата, да стекне бруто-приходи во вкупен износ поголем од три милијарди денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...