Советот на странски инвеститори при Стопанска комора прославува 10 години од постоењето во Македонија, и по тој повод ќе организира хуманитарен настан во Градски парк, на 5 јуни.

Граѓаните ќе имаат можност да вкусат храна која е традиционална за земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори.

– Македонците ќе можат да вкусат од автентичната храна на повеќе од 10 земји. Храната ќе се продава по симболична цена, а парите кои ќе се соберат ќе бидат дадени на народните кујни – изјави претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Штефан Петер.

Според него, бројот на членови на Советот постојано се зголемува.

– Странските инвеститори се интегрираа во македонското општество, а  помагаат и во интернационализација на локалната култура. Храната е најдобар начин преку која може да се запознае одредена култура, а токму затоа прехрабената индустрија е најголема во светот – додаде Петер.