Инвентивен интерактивен настан на распродажбите на игри на Steam, попусти и на Battle.net

Фото: Принтскрин, battlenet

На Стим има летна распродажба на игри, повеќето добри наслови се на големи попусти и распродажбата трае до 8 јули. Тоа што е интересно е што на Стим моментално има инвентивен интерактивен настан што вклучува разгледување на најновите и најпопуларните игри по категории и за секоја категорија има кратка приказна каде го бирате следниот чекор меѓу два избори како во книга со повеќе завршетоци. 

Книгите со повеќе завршетоци се пишувани и пред видео игрите иако потсетуваат на игри во вид на книга. Со разгранувачки приказни и повеќе дејства и краеви, каде најчесто лошите краевите се завршуваат со смрт на протагонистите(главните ликови). Исто така ваквите книги се инспирација и за првите текстуални авантури-во вид на компјутерски игри.

На настанот наречен Forge your Fate (Скрој си ја судбината) има 14 смешни, надреалистични приказни што се кратки за читање и секоја ве наградува со стикер што потоа можете да го користите на чатот во Стим. А, ако ги поминете сите 14 приказни добивате и рамка за профил и значка според резултатите од приказните. Во меѓувреме пред да ги изиграте сите приказни една по една разгледувате најнови и добри игри по дадената категорија. Доста инвентивен маркетинг каде луѓето се забавуваат. Но, сепак ако го применувате „гејмерското скокање на текст” само ќе си го скратите уживањето во оваа интерактивна игра. Луѓето што ги читаат текстовите во игрите, како и дијалозите само си го збогатуваат искуството, а со тоа им се проширува и видикот во играта и подобро го разбираат „светот” на играта. 

Има играчи на World of Warcraft што имаат завршено преку 1000 квестови (ова е вистинска бројка без претерување) а не прочитале ни 10 од нив целосно, само ги завршуваат целите на квестовите (quest objectives) и толку. Кога сме кај WoW, моментално има попусти на игри од Blizzard на нивната платформа Battle.net до 11 јули. Иако најавата е за попусти до 67% чудното е што за главните игри има многу помали попусти околу 20-25% (21% за Диабло 3 и 25% за WoW Shadowlands). Само Overwatch и Starcraft 1 Remastered се на асални 50% попуст, другото се додатоци за игрите, портрети, минипетови, крилја, моунти (mounts, животни за јавање) или сервиси за WoW како бустови, рекастомизации на карактери и друго. 

Близард се репoпуларизираа со бесплатната верзија на Call of Duty но и за таа игра треба јак компјутер и многу слободен простор на хард диск. Играта не е во листата на поддржани игри од GFN (GeForce Now). Сега е бесплатна и обичната Старкрафт 1 и основната Старкрафт 2. Но Близард е генерално “омразена фирма” кај повеќето гејмери затоа што бара да се плати за да се учествува, сепак има мали промени и во тоj аспект.