Виралната вест дека ликот „Yujiro Hanma“ најсилниот монструезен ентитет од анимето „Baki“ кое е доста популарно кај младите од Генерација Зед, ќе биде имплементиран во играта „Tekken 8,“ во рамките на третата сезона. Ќе може да се игра дури следната зима.

Исто така пред него градуално и периодично доаѓаат и ликови кои се познати во заедницата како „рециклирани“ од играта „Tekken 7“ и претходни делови на серијалот, што може да се видат на трејлерот во продолжение.

 

„Yujiro Hanma“ е еден од најмоќните ликови што воопшто го има во аниме серијалите базирани на боречки вештини. Опишан како „најсилното суштество во светот“, кое се третира како еден од најстрашните „монструми“ во аниме серијалите, се работи за лик кој е „остварување на злото.“

Тој може да избегнува куршуми, да победува цели армии сам, без да се задише и има способност да ги направи „демонски“ неговите мускули на грбот-знак дека употребува максимум сила, што се шпекулира дека таа карактеристика ќе се употреби за „Rage Art“.

Тоа ултимативна магија (улти) во Tekken 8 што исто така се очекува да биде ултра-агресивен приказ на моќ и физичка сила со оглед на тоа што распукува цели згради со еден удар со тупаница и е претставен како борец со базична сила на џиновски слон.ж

„Yujiro“ има посебен карактеристичен стил на борба со почетен став со држење на двете раце во џебови од панталони,-стил што го развива и Баки, слично како јапонската техника за употреба на меч кој брзо се вади корица за засек и се враќа назад во корицата, наречена „идао.“

Во анимето од кое потекнува овој лик -тој му е лошиот биолошки татко на главниот лик Баки, против кој протагонистот бара освета за што и воопшто вежба.

Нема да спомнеме спојлери за што се осветува. Баки Ханма е млад борец што вежба боречки вештини и неговото соочување со неправди низ пролонгирана приказна од многу епизоди може и да се гледаат и на „Netflix“. Еве како изгледа првиот трејлер за споменатото аниме:

 

Гејмерите уште повеќе ја појачаа возбудата и виралноста на оваа најава што почнаа да монтираат клипови од Анимето и секвенци од Текен 8 за да прикажат како би сакале да изгледа или да шпекулираат каков стил на борење ќе има „Yujiro“ во играта.

Се очекува да нема толку светлосни ефекти -напротив можна е мрачна аура на деструкција, но очекуваат борецот да биде брутално прикажан и да го надмине и Казуја Мишима во суровоста. Секако како и сите платежни ликови во поголем број игри.

Особено во Текен 8 се вообичаено ем полесни за играње и истовремено многу поефикасни и посилно удираат од генеричните борци што се бираат базично во играта. Како што беше случајот со ликовите Хеихачи, Еди Гордо, Клајв Ротсвилд од „Final Fantаsy 16“ и полската имагинарна премиер- каратистка Лидија Собиеска. Типична „Pay to Win“ („плати за да победиш“) карактеристика.

Но „хајпот“ за оваа најава моментално е главната најактуелна вест во гејмингот, а и популарноста на Текен 8 и бројот на продадени копии од играта на „Стим“ драстично скокна по објавената вест.

Игрите од Текен серијалот моментално се на големи попусти токму поради сето ова. Но има и реакции каде долгогодишните играчи на Текен ја чувствуваат најновата верзија Текен 8 како е изменета до степен- „да не е веќе Текен.“ токму поради појавувањата на нови ликови и ликови од други игри, што го менуваат контекстот на самата игра со претерани анимации и способности кои ја разнебитуваат сржта за естетските постулати на играта.

Сепак новите генерации од најмлади гејмери и љубителите на анимеата се воодушевени и со нетрпение чекаат овој лик да биде достапен за играње и „не прашуваат за цена“ иако има доста време тоа да се реализира дури следната зима како што стои во најавата.

За Текен серијалот имаме и претходни написи кои може да ги прочитате овде.