fbpx

Интернет-страницата на Обвинителството повторно во функција

-

Интернет-страницата на Јавното обвинителство повторно е во функција откако попладнево беше хакирана од групата „./UnIX“.

На страницата јорм.орг.мк (jorm.org.mk) беше поставен аниме-цртеж, со испишан текст „Среќен ден на независноста Индонезија“ (Happy independce day Indonesia).

Освен фотографијата и текстот, беше вметнат и говор на индонезиски јазик, а по него се слушаше и песна на локален индонезиски дијалект.

Хакирањето за „Мета“ го потврдија и од Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...