fbpx

Интернационална ликовна колонија во Дебрца

-

Десетина ликовни уметници од Турција, Бугарија, Словенија и од Македонија, од денеска и наредниве десетина дена, создаваат нови дела на 31. по ред Интернационална ликовна колонија во селото Белчишта, центарот на општина Дебрца.

Колонијата свечено беше отворена синоќа, со говор на градоначалникот на оваа општина, Игор Трајкоски.

– Ликовната колонија во Белчишта, со своето значење се издигнува повеќе од традиционален културен настан, таа е олицетворение на уметноста на општина Дебрца. Нејзиното значење и секоегодишно поставување е потсетување на секоја измината година на оддржување на ликовната колонија, во која се презентирани преку 600 уметнички дела. Значењето на ликовната колонија ја согледале голем број посетители во изминативе години, кои со своето присуство само ја потврдиле големината на овој културен настан – истакна Трајкоски.

Во изминативе три децении на колонијата се создаддени повеќе од 600 дела, кои се изложени во посебна галерија на колонијата.

– На колонијата се претставувале голем број уметници од Македонија и од многу земји од светот, кои негуваат различни уметнички правци, различни тематики кои, пред сè, покрај уметничка, имаат и едукативна содржина – вели нејзиниот основач, ликовниот педагог и уметник Ѓоко Целески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...