„Enshrouded“ е игра во развој со преживување за повеќе играчи, и може да се игра со лимит од 16 играчи одеднаш. Самиот девелопер на играта вели дека играта потсетува на комбинација од „Валхејм“ и „Зелда“.
Самиот трејлер многу објаснува за играта:
Популарноста на „Валхејм“ донекаде се должи и на тоа што беше игра со преживување – со нордиска митологија – односно што во периодот кога излезе, популарноста на серијата Vikings сè уште не беше спласната, а и беше во периодот набргу по излегувањето на најновата игра со Викинзи „Assassin’s Creed Valhalla.
Сличноста на „Enshrouded“ со Зелда е според тоа како е направен светот и како изгледаат ликовите, иако оваа игра потсетува и на Conan Exiles во однос на величината на структурите што можете да ги градите, а дел од комбатот е сличен и со Hogwarts Legacy – има многу слични анимации кога напаѓате со магично стапче, иако како избор на оружја ги имате скоро сите најкористени во RPG игри – од мечови, секири, магични стапови, до лакови и стрели. Исто така, оваа игра може и да се спореди со легендарната Minecraft.
Изгледот на ликовите премногу наликува на цртан филм, а изгледа дека и денешните цртани филмови наместо да понудат анатомски хуманоидни ликови презентираат сменети непропорционални верзии од истите. Што е случај и во играта – не знаете дали е ликот џуџе или елф, а треба да е човек.
Интересно е што светот е фиксен, а не се генерира рандомизирано, а и покрај динамичните борби со средновековни оружја и магии, имате и grappling hook во играта за достигање високи места.
Самото тоа што почнувате од нула во дивина ја прави играта доста интересн,а затоа што нуди ниво на тешкотија што е предизвикувачка. Но сепак со Co-op играње со пријатели или други играчи онлајн, не само што станува полесна, туку и покреативна.
Комбатот во самата игра изгледа добро, но стилот на цртан филм малку и’ ја уништува атмосферата. Сепак, земајќи сè предвид, целната група за оваа игра веројатно ќе бидат децата и помладите играчи, иако најверојатно ќе биде преплавена и од возрасни играчи кои ќе играат посистематски.
Сега за сега, нема точен датум кога играта ќе излезе, има само општа најава за годинава.