fbpx

Интер е заинтересиран за Тарабт

-

Мароканецот кој минатата сезона играше како позајмен во Милан, Адел Тарабт, откри дека има контакти со Интер за да премине во клубот.

Тој во моментов е во Квинс парк ренџерс, екипа во која се бори за свое место во првиот тим. Тој соопшти дека одвај чека да го напушти тимот.

– Мојот агент сè уште е во потрага по решение. Мојата цел е да се задржам во Европа – рече тој.

На новинарско прашање дали е вистина дека Интер е заинтересиран за неговите услуги, тој одговори потврдно.
– Вистина е, постојат контакти. Имаат увид во мојата физичка состојба, но сме среде преговори кои вклучуваат и други играчи – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...