fbpx

Инсталација „Леб за сите“ поставена во центарот на Скопје

-

Инсталација на џиновски леб со натпис „Леб за сите“ и статистички податоци кои укажуваат на социо-економската состојба во државата, сиромаштијата и на нискиот стандард на граѓаните е поставен во центарот на Скопје, на мини-плоштадот меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Аминта Трети (кај дирекцијата на „Службен весник“).

„Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5 отсто или повеќе од 450.000 луѓе. 70.000 луѓе можат да си дозволат три достојни оброци неделно. Повеќе од 100.000 луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно“, пишува на инсталацијата.

Ова не е прва инсталација од ваков тип, која укажува на негативните состојби во земјава.

Како сега, така и во март минатата година, анонимни автори на истото место поставија скулптура на џиновско апче „дијазепам“. Идејата беше да се укаже на порастот на трендот на секојдневна употреба на овој антидепресив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...