fbpx

„Инстаграм“ го престигна „Твитер“

-

Сервисот „инстаграм“ на компанијата „Фејсбук“, според последните информации, брои повеќе од 300 милиони активни корисници, кои дневно споделуваат повеќе од 70 милиони фотографии и кратки видеозаписи.

„Инстаграм“ за четири години од постоењето успеа да ја достигне оваа бројка. Во март годинава сервисот броеше 200 милиони корисници, а доказ за неговата популарност и за забрзаниот пораст е фактот што значително постариот сервис „Твитер“ во овој момент има 284 милиони корисници.

Срвисот за споделување фотографии е под капата на „Фејсбук“ од април 2012 година, кога го купи за милијарда американски долари. „Фејсбук“, откако го купи „Инстаграм“, воведе мали промени, како на пример беџовите за проверени профили – кои ќе бидат воведени деновиве.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...