fbpx

Инспекторите по вчерашните контроли со 12 кривични пријави и четири прекршочни постапки против угостители

-

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта извршил вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн) за отворање и работа на угостителски објекти.

Притоа, во дел од угостителските објекти се утврдени неправилности во делот на непочитување на здравствените протоколи, непочитување на работното време и прекршување на Законот за заштита од пушењето.

Поради тоа, ДПИ ќе поднесе 12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево.

Ќе отпочнат и две прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово, една прекршочна постапка за непочитување на работно време во објект во Кичево и една прекршочна постапка за прекршок по Законот за заштита од пушењето во објект во Скопје.

При контролите е утврдено и едно непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење дејност од страна на објект во Битола, за што ќе следи физичко запечатување на објектот со пломба.

Поединечно по градови, најмногу надзори и контроли се извршени во Скопје.
Односно, ДПИ вчера во угостителски објекти во Скопје, изврши 8 надзори и 267 контроли. При тоа, за прекршување на протоколите ќе бидат поднесени 5 кривични пријави, една мерка за нерегистриран објект и една мерка за непочитување на забраната за пушење. Во Охрид, се извршени еден надзор и 43 контроли, а поднесена е една кривична пријава. Во Битола, ДПИ спроведе 7 надзори, изречена е една кривична пријава, и една мерка за непочитување на решение за привремена забрана за вршење дејност. Во Кичево, се извршени 6 надзори, 20 контроли, при што се изречени 5 кривични пријави и една мерка за непочитување на пропишаното работно време.

ДПИ во Тетово вчера извршил еден надзор и 30 контроли, и затекнат е еден нерегистриран објект. Останатите контроли и надзори се извршени во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Виница, Штип, Берово, Пехчево, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка, Кратово, кадешто не се утврдени прекршувања на законите и протколите.

„Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи“, порача ДПИ.

Воедно, ДПИ, во текот на вчерашниот ден, а поради почетокот на викендот без ДДВ и заштита на потрошувачите, извршил вкупно 28 надзори и 123 контроли во трговски објекти во повеќе градови согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите и Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија.

При тоа изречени се мерки по Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија во 3 објекти во Струга, 4 мерки по Законот за трговија во објекти во Скопје и 2 мерки по Законот за заштита на потрошувачите во Тетово, за што ќе се поведе прекршочна постапка како и постапки за прекршок по Законот за трговија во 6 објекти во Скопје. Во останатите објекти при спроведените контроли во другите градови, не се констатирани неправилности.

За време на деновите без ДДВ, ДПИ ќе продолжи со контролите во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...