fbpx

Инспектори пронашле дрога во објект на правно лице во Охрид

-

При контрола на документација и производи од канабис во објект на правно лице во Охрид, констатирано е дека имало непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму соопштуваат дека против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

„На 3. август, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид. За време на контролата на документацијата и производите од канабис било констатирано дека во правниот субјект фигурира непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција. Наркотичната дрога е одземена и со наредба од надлежен Јавен обвинител ќе биде предадена на вештачење“, информира МВР.

По комплетирање на случајот, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...