Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност предвидува предлог-законот за измени на Законот за здравствена заштита ако здравствен работник оневозможи, попречи или го отежнува користењето на здравствена услуга, го запостави болниот кој се наоѓа на болничко лекување, не се придржува на општиот акт за користење на работната и на заштитната облека, не го почитува работното време за прием и за преглед на пациенти утврдени со општ акт на установата и не ги почитува општите акти на установата во врска со чувањето лекови и медицинска опрема за кое е непосредно задолжен.
Глобата, според законските измени, на самото место на прекршокот ја наплатува инспектор.