fbpx

Инспекцијата за три месеци уништила над 85 тони небезбедна храна

-

Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна, од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори, согласно имплементираните ХАСАП планови, додека инспекторите за храна и ветеринари, како небезбедни уништиле 17.173 килограми храна.

Како што соопшти АХВ, од вкупно уништената небезбедна храна, 277 килограми била од неживотинско потекло. Од јануари до март инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 12.699 контроли и за утврдените недоследности (непочитување на препораките и мерките за справување со вирусот Ковид-19, но и оштетувања на работните површини, несоодветна примена на ХАСАП процедурите и друго, изречени се 6 наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и 3 мерки едукација на оператори. Донесени се 851 решение за отстранување на недоследности, изречени се 13 парични казни, 423 едукации и поднесени се 5 прекршочни пријави.

Покрај редовните контроли, од АХВ соопштуваат и дека прават засилени контроли за проверка дали операторите ги почитуваат препораките и мерките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на намалување на ризиците и спречување на ширење на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...