ИНРМ: Граѓаните сами да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата според реална потрошувачка

Измените во софтверските решенија ЕВН не ги изведува самостојно, туку преку ангажирање на надворешни компании. Иако се повикуваат на употреба на алгоритми за проценка на потрошувачката, досега никој не извршил увид или експертиза на програмскиот код, ниту ја анализирал точноста на алгоритмот.

-

Останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка.

Известување, забелешки и наше видување за текот и дискусиите на подготвителната седница во Регулаторната комисија за енергетика за Предлог-измените и дополнувањата на Правилата за снабдување со електрична енергија

Здружението на инженери на Република Македонија иницираше измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, поради евидентирани неправилности во фактурирањето на електричната енергија. Овие неправилности се резултат на нередовното отчитување на струјомерите и издавање на сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка. Целта на иницијативата е воведување на праведен, недискриминаторен и фер систем на наплата кој се базира на реалната потрошувачка и автоматска корекција на паушално изготвените сметки.

На подготвителната седница организирана од Регулаторната комисија за енергетика, покрај членовите на Комисијата, присуствуваа и четири претставници од Електродистрибуција и ЕВН Хоме – стручни и овластени лица кои дадоа свои коментари и забелешки на предложените измени.

Од текот на двоиполчасовната дискусија ги изнесуваме нашите согледувања и заклучоци:

ЕВН не е подготвена – ниту технички, ниту кадровски – да воспостави фер и недискриминаторен систем на наплата базиран на реалната потрошувачка.

Измените во софтверските решенија ЕВН не ги изведува самостојно, туку преку ангажирање на надворешни компании.

Иако се повикуваат на употреба на алгоритми за проценка на потрошувачката, досега никој не извршил увид или експертиза на програмскиот код, ниту ја анализирал точноста на алгоритмот.

ЕВН нема конкретна намера за брза замена на постојните броила со нови уреди кои овозможуваат далечинско отчитување.

Иако на веб-страната на ЕВН Дистрибуција се наведува дека на 31-ви декември постои автоматско отчитување и автоматска корекција на сметки за потрошувачите кои првпат влегуваат во четвртиот пресметковен блок, на седницата се утврди дека овие процеси не се целосно автоматизирани. Сметките сè уште се коригираат рачно и се базираат на предвидувања, наместо на реални податоци.

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, побара од претставниците на ЕВН да достават дополнителни објаснувања поврзани со клучните прашања што беа отворени на седницата, давајќи им рок од 10 дена за тоа. По добивањето на овие информации, РКЕ ќе го соопшти својот конечен став по однос на предложените измени. Членот на комисијата Елена Маркова Велинова истакна дека со ваквите постапки ЕВН прекршува определени одредби од Законот за облигациони односи. До моментот на одлуката на РКЕ ситуацијата останува статус кво.

Врз основа на горенаведеното, заклучуваме дека ЕВН нема капацитет за брза адаптација кон новите правила. Наместо да се потпира на сопствени ресурси, ЕВН користи надворешни софтверски добавувачи и нема соодветен кадар за модификација на софтверските системи. Било каква промена во постоечкиот систем за наплата ќе биде долг процес, кој би траел неколку години. Исто така, инсталирањето на нови паметни броила ии броила со далечинско отчитување ќе бара значително време и ресурси.

Спроведувањето на праведен и точен систем за наплата според реалната потрошувачка, согласно ставовите на претставниците од ЕВН, може да значи и поскапување на електричната енергија, а имплементацијата не би се очекувала скоро.

Затоа останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...