ЕИТ Џампстартер, пред-акцелераторска програма на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), тело на Европската Унија, отвори нов повик во кој учесниците имаат можност да се натпреваруваат за повеќе од 240.000 евра финансиска поддршка, вклучувајќи награди од 10.000, 5.000 и 3.000 евра за најдобрите тимови во секоја тематска категорија.

Програмата е првенствено насочена кон иноватори од земјите што учествуваат во ЕИТ Регионалната шема на иновации (EIT RIS), со посебна поддршка за иноватори од најоддалечените региони на ЕУ, Западен Балкан и Украина и нуди обука, менторство и меѓународна промоција за да им помогне на иноваторите во рана фаза да ги претворат научно заснованите идеи во успешни стартапи.

Учесниците ќе ги развиваат своите идеи во една од шесте теми, храна и иновации во земјоделие, здравство, енергија и обновливи извори, напредно и зелено производство, метали, минерали, напредни материјали и индустриски нуспроизводи и паметни градови и урбана мобилност. Пријавите се отворени за иноватори од неколку земји-членки на ЕУ, најоддалечените региони на ЕУ, земји асоцирани во Horizon Europe како: Западен Балкан, Турција, Украина, Молдавија, Ерменија. Пријавите можат да се поднесат индивидуално или во тим, а до двајца коосновачи по тим можат да учествуваат и да добијат поддршка од програмата.

Програмата ги поддржува иноваторите во рана фаза во трансформацијата на научно засновани идеи во стартапи преку обука, менторство и структуриран претприемачки пат што завршува со меѓународно натпреварување во кратки презентации.
„ЕИТ Џампстартер е совршена средина за да се валидира вашата иновативна идеја и да се утврди дали може да прерасне во остварлив производ или услуга. Изданието во 2026 нуди уште поголемо усогласување со европските иновациски приоритети за напредување кон инвестициона подготвеност. Учесниците се приклучуваат на заедница на поддршка и соработка, добиваат менторство од експерти и го развиваат претприемачкиот начин на размислување потребен за да изградат и скалираат стартап“, вели Адам Стжелецки, раководител на програмата ЕИТ Џампстартер 2026.
Пријавите се отворени до 8 мај 2026 преку веб-страницата на ЕИТ Џампстартер.