fbpx

Иницијативниот одбор за Кежаровски бара итно објавување на одлуката на Апелација

-

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски денеска, преку соопштение, го повика Апелацискиот суд Скопје до петок, 16 јануари, да ја соопшти одлуката по жалбата на новинарот на првостепената пресуда, со која е осуден на затворска казна.

Оттаму потсетуваат дека судијата на Апелацискиот суд, Сафет Кадриу, минатиот месец потврди дека одлуката е донесена.

„Ваквата состојба на исчекување го доведува нашиот колега и неговото семејство во крајно неизвесна ситуација.
Потсетуваме, Кежаровски е невин! Тој е осуден за текст објавен во 2008 година, во кој открива манупулации со заштитен сведок во случајот „Ореше“, кој во 2013 година и самиот призна дека дека лажел и дека изјавата ја давал под принуда“, стои во соопштението.

Новинарот Томислав Кежаровски лани, кон крајот на октомври, беше осуден на казна затвор од четири и пол години во случајот „Ликвидација“, односно дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а од ноември минатата година, е во домашен притвор.

„Сметаме дека се преминати сите хумани и човечки граници на трпение. Колеги, срамно е да се солидаризираме со ужасниот масакр што се случи врз новинари во Париз, а да молчиме кога наш колега е невин осуден и се држи во притвор“, се вели во соопштението од иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...