fbpx

[Инфографик] Во двете пандемиски години починале 16.000 лица повеќе од просекот

-

Вкупниот број на починати во текот на 2021 година во земјава изнесува 28.816 лица, објави Државниот завод за статистика. Тоа е најголем број на починати на годишно ниво од осамостојувањето на земјата. Во 2021 г. починале за околу 9.500 повеќе лица во споредба со просекот во изминатите 18 години, од 2002 до 2019 г.

Ако ја пресметаме и 2020 година кога починаа уште 25.755 лица, што е речиси 6.500 над просекот, може да се заклучи дека од почетокот на пандемијата починале 16.000 повеќе од просекот во претходните години. Официјалната статистика на Министерството за здравство вели дека од почетокот на пандемијата до сега, односно во текот на 2020 и 2021 година, како последица на ковид-19 починале 8.981 лице.

Дончо Герасимовски, експерт за статистика и поранешен директор на Државниот завод за статистика вели дека ова се рекордни бројки кои ги бележиме во однос на морталитетот.

Дончо Герасимовски, фото: приватна архива

„Ова е влијаението на пандемијата. Таа се одразува не само овде, туку во сите земји на Балканот. Во јули ќе бидат објавени причините за смртноста, па тогаш ќе знаеме поточно од кои болести умира населението. Во голема мера зголемувањето на морталитетот е заради ковидот. Катастрофално е што во сите осум региони има негативен природен прираст. Во 72 општини имаме негативен природен прираст. Раст на наталитет има само во Чаир, Шуто Оризари, Желино, Дебар“, додава Герасимовски.

Како да се примени вавата слика? Според Герасимовски, за тоа да се случи потребно е државата да усвои Стратегија за популациона политика поради падот на наталитетот, согласно која ќе се преземаат мерки и активности.

„Тоа подразбира помош што ќе ја дава државата за секое новородено дете, овозможување на подобри услови на младото население во однос на животниот стандард, подобри плати, олеснети услови за купување станови, олеснување во однос на стручно усовршување. Ова треба да се прави за да не ни се иселува младото население. Бидејќи помалиот наталитет значи и помалку ученици, студенти, се затвораат училишта“, нагласува Герасимовски.

Ковид-19 пандемијата и нејзиното влијание врз здравјето на населението предизвика во С. Македонија во 2020 година да починат за 26 отсто повеќе лица во споредба со 2019 година. Како што Мета.мк веќе објави, во 2020 година починале 25.775 жители, и тоа е најголем број на починати на годишно ниво од 1995 година наваму, покажува Годишниот извештај за Морталитетот во Република Северна Македонија на Државниот завод за статистика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...