[Инфографик] Колку е загаден воздухот во Скопје од почетокот на грејната сезона?

Традиционално, и оваа година најзагаден дел од Скопје со ПМ10 честички е населбата Лисиче. По неа се Центар, Гази Баба и Ректорат. Сепак, сите мерни станици покажуваат повисоко ниво на загадување од почетокот на грејната сезона

-

Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, добиени од мерните станици поставени во скопските општини, покажуваат дека загадувањето на воздухот со ПМ10 честички е зголемено речиси двојно од почетокот на грејната сезона на 15 октомври 2024 година.

Традиционално, најзагадена населба и оваа сезона е Лисиче, која на денот на почетокот на сезоната бележи загадување од нешто помалку од 50 микрограми на метар кубен на дневно ниво. Завчера, на 08 ноември, во Лисиче е измерено средно дневно загадување со ПМ10 честички од 104 микгрограми на метар кубен. Инаку, максимално дозволеното загадување со ПМ10 според светската здравствена организација е 50 микрограми на метар кубен.

Но, и останатите скопски населби не заостануваат многу зад Лисиче кога станува збор за загадувањето на воздухот. На врвот се и Центар, Гази Баба и Ректорат. Всушност, секаде каде што се во функција мерните станици, во последните неколку дена се бележи загадување над максимално дозволеното од СЗО.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...