Корона вирусот COVID-19, којшто е веќе оквалификуван како глобална пандемија, предизвикува тензија низ целиот свет. Можноста за создавање и дистрибуирање дезинформации во овој период останува голема. Уште од алармот во соседна Италија, некои вести, некојпат непроверени, а во некои случаи злонамерно пласирани, создадоа забуна кај многу читатели.

Следниов пример е објава на Твитер-профил со 2.671 следбеници.

Во модифицираното објавување, насловот гласи „COVID-19 ја зеде и втората жртва“ со поднаслов „Жртвата е државјанинот сo иницијали Р.Ц., 19 години, студентка во УТ“. Ова не е техничка грешка на телевизијата . Но во Албанија, како резултат на корона вирусот COVID-19“, е починато само едно лице. Оваа објава за некои може да биде „забавна“, но за многу други може да предизвика паника.

Ова е напис од интернет порталот, „SYRI.net“, од 14 март, под наслов „Научниците од Харвард објаснуваат: Еве како можете да го излечите сами корона вирусот пред да излезе вакцината“. Во написот се вели дека „според научниците (без припишување на никого), ибупрофенот е алтернатива.

Но употребата на ибупрофен се смета за опасна за употреба од луѓе погодени од новиот корона вирус.

Лево цитираме страница со околу 10.000 следбеници на Фејсбук. Преку совети на наводен медицински експерт, страницата предлага некои „методи“ за „искоренување“ на корона вирусот. Но, според СЗО нема податоци што можат да ја докажат ефикасноста на овие „методи“, напротив, тие во некои случаи ја влошуваат здравствената состојба.

 

Ова беше вест што кружеше вчера во многу мрежни медиуми и телевизии. Повеќето медиуми, што ја објавија веста ја ажурираа со промена на насловот, а останатите ја избришаа. Написот на британските медиуми беше за заразено дете, а не за дете кое го загубило животот. Засега нема точни податоци, но според СЗО, децата се помалку изложени на ризик од корона вирус „COVID-19“.

Ова лево беше вест што се вртеше вчера во некои медиуми. Телевизиите објавија за едно починато лицем затворајќи го извештајот со „причини што сè уште не се познати“. Но, по извештаите од телевизиите, веста во некои портали се „прилагоди“ на ситуацијата, велејќи уште во насловот дека „постојат сомневања дека тој починал од корона вирус“. Порталите не наведуваат ниту еден службен претставник или индикација за која може да се каже дека причината е корона вирус. Во врска со создадената состојба, насловот на на веста може да има големи последици за затворениците.

Но, покрај лажните вести кои кружат во онлајн медиумите, социјалните мрежи се уште еден канал на нивното емитување. На социјалната мрежа WhatsApp вчера кружеше текстуална порака со линк во која се вели: „Министерството за здравство одобри итна награда од 350 евра за оние што остануваат дома“, што беше придружено со линк. Всушност, оваа „информација“ ја демантираше министерот за здравство и социјална заштита. Притоа линкот  не водеше никаде.

Марио Бракај