Инфлацијата во мај во земјава се искачи на 11,9 отсто

-

Нови загрижувачки бројки за инфлацијата – индексот на трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај 2021 година, бележи зголемување од 11,9 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

За период од еден месец, индексот на трошоците на живот во мај годинава во однос на април е зголемен за 2 отсто, додека индексот на цените на мало пораснал за 1,5 отсто.

Статистичките податоци покажуваат загрижувачки раст од 17,1 отсто на цените на храната и безалкохолните пијалоци за период од една година. Па така, маслото и мастите за јадење од мај 2021 до мај 2022 година пораснале за 37,9 отсто. Лебот и житата се продаваат по повисоки цени од 21,5 отсто, зеленчукот поскапел за 18,5 отсто, додека млекото, сирењето и јајцата се поскапени за 16 отсто. Највисоко зголемување има токму кај основните прехранбени производи, кои им се неопходни на граѓаните.

Во извештајот на ДЗС се наведува дека природниот гас за една година поскапел за 53,6 отсто, додека цените на течните горива се зголемиле за 44,3 отсто. Огромно зголемување во мај 2022 година, во споредба со мај 2021 година, има и кај транспортот, од дури 24,1 отсто.

Она што загрижува во статистичкиот извештај е дека цените забрзано растат од месец во месец. Единствено намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со април 2021 година, е забележано кај воздухопловниот патнички транспорт за 10,5 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4 отсто и електричните апарати за лична хигиена за 1,2 отсто.

За период од само еден месец, во мај годинава во однос на април, пораст на индексите на трошоците е забележан кај маслото и маснотиите за 6,7 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6,2 отсто, млекото за 5,4 отсто, додека лебот и житата за 3,7 отсто.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во споредба со април е забележан и кај другите медицински производи за 19 отсто, услугите за сместување за 7,5 отсто, додека кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 отсто.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...