Индустриското производство во ноември помало за 4 отсто во однос на лани, опаднал и бројот на вработени

-

Статистичките податоци покажуваат дека негативните последици од корона кризата пополека се ублажуваат во делот на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 96, односно падот на индустриското производство изнесувал 4 отсто. Бројот на вработени во индустријата пак во ноември 2020 година бил помал за 4,2 отсто во однос на истиот месец од минатата година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 0,1 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кај Трајни производи за широка потрошувачка за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто, додека пораст бележи кај Енергија за 3,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4 отсто и Капитални производи за 0,8 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 89,4, односно индустриското производство во 11-те месеци од годинава било намалено за 10,6 отсто во споредба со лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесувал 95.8.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање од 1,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 4,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележано опаѓање од 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кајЕнергија за 1,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7 отсто, Капитални производи за 1,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесувал 95.3. Ова значи дека бројот на вработени во индустријата во 11-те месеци од годинава опаднал за 4,7 отсто во споредба со лани.

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...