Транспортен авион на военото воздухопловство на Индија, „ан-32“, исчезна од радарите. Во него имало 29 лица.

Во авионот имало шест членови на екипажот, а другите патници биле припадници на военото воздухопловство на Индија.

Авионот полетал во 9 часот по локално време од базата Порт Блер и летал кон градот Ченај, на југоистокот на Индија.

Воената морнарица на Индија и крајбрежната служба поведоа голема спасувачка операција.