Индија: Уапсен директор на фабрика за лекови поради смртта на стерилизираните жени

-

Полицијата во Индија го уапси директорот на фабриката за лекови и неговите синови под обвинение дека ги снабдувале со лекови жените што подлегнале на масовна стерилизација, од кои 13 починаа. Приведените се товарат за измама.

Властите сè уште го истражуваат случајот и утврдуваат дали антибиотиците и лековите против болки се одговорни за трагичниот крај на жените.

Полицијата претходно го уапси лекарот кој ја изврши масовната стерилизација во сојузната индиска држава Чатисгар.
Лекарот Р.К. Гупта за неколку часа извршил 83 операции над сиромашни жени во државниот камп во областа Биласпур, а постои сомнеж дека инструментите со кои се вршел зафатот не биле стерилни.

Лекарот ги отфрли обвиненијата и додаде дека стерилизацијата ја вршел под притисок на државата. Тој  ја лоцираше вината кај лековите кои жените ги земале по интервенцијата.

Стерилизацијата е еден од најпопуларните методи за планирање семејство во Индија, а многу власти во индиските држави организираат кампови во кои се врши бесплатно масовно стерилизирање на сиромашните жени.

Локалните власти во Индија често нудат разни погодности, како што се автомобили, електрични уреди за двојките кои доброволно ќе подлегнат на стерилизација.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...