Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони

-

Индија во раните утрински часови соопшти дека започнала воена операција против Пакистан, напаѓајќи „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир. Односите меѓу Индија и Пакистан доживеаја драстично влошување во последниве недели, по смртоносниот напад извршен од вооружени лица кои убија 26 лица, главно индиски туристи, на едно живописно место во Кашмир, пренесува Си-Ен-Ен.

Индија соопшти дека биле погодени вкупно девет локации. Пакистан тврди дека биле нападнати пет места — три од нив во пакистанскиот дел на Кашмир и две во провинцијата Пенџаб. Најмалку три лица биле убиени, соопшти Пакистан.

„Правдата е задоволена“, напиша Индиската армија на мрежата Икс во кратка изјава, прва по започнувањето на операцијата. „Џаи Хинд!“ (Победа за Индија)

Пакистанската армија тврди дека соборила два авиони на Индиското воено воздухопловство. Пакистанскиот премиер Мухамад Шехбаз Шариф изјави дека земјата „има целосно право да одговори соодветно на овој чин на војна наметнат од Индија и дека таков одговор веќе се дава.“ Портпарол на војската рече дека земјата „ќе одговори на ова во време и место по нејзин избор.“

Кашмир е едно од најопасните жаришта во светот и делумно е контролиран од Индија и Пакистан, но двете земји го тврдат во целост. Овие две нуклеарно вооружени ривали воделе три војни за ова планинско подрачје, кое сега е поделено со фактичка граница наречена Линија на контрола (LOC), од нивната независност од Британија пред речиси 80 години.

Извор од пакистанската разузнавачка служба изјави дека три индиски авиони биле соборени на локации „во рамките на индиска територија“, како и едно дрон летало.

Индија соопшти дека биле нападнати вкупно девет локации. Пакистан тврди дека биле погодени пет — три од нив во пакистанскиот дел на Кашмир и две во провинцијата Пенџаб. Двете локации во Пенџаб се Ахмадпур Исток и Муридке.

Овие напади претставуваат најдлабокото навлегување на Индија во неспорното пакистанско подрачје од Индо-пакистанската војна во 1971 година. Според висок индиски владин претставник, водечки индиски функционери стапиле во контакт со нивни колеги од повеќе земји за да ги информираат за преземените чекори од страна на Њу Делхи.

ИзворСи-Ен-Ен

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...