fbpx

Индексот на бројот на работници во индустријата во март опаднал за 4,5 отсто

-

Корона вирусот уште во март почнала да влијае на намалување на бројот на работници во македонската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работници во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 95,5. Намалувањето од 4,5 отсто за третиот месец од годинава влијаело и на вкупното намалување на индексот на бројот на вработени во првиот квартал за 3,6 отсто во споредба со идентичниот квартал лани.

Статистичарите регистрирале дека во март 2020 година, во однос на истиот месец лани, има опаѓање на бројот на работниците во секторите: Рударство и вадење на камен од 1,6 отсто, Преработувачка индустрија од 4,8 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто. Единствено зголемување на бројот на работници од 0,3 отсто во март 2020 година е регистрирано кај индустриската група Капитални производи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...