Индексот на Македонската берза МБИ10 денеска забележа пад од 3,8 отсто, како индиректна реакција на воведувањето на царините на американскиот претседател Доналд Трамп и падот на светските берзи што следуваше во деновите потоа.

Фото: принтскрин од Македонска берза

Денешните најтргувани акции на берзата сите забележаа пад. Меѓу нив, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, која забележа пад од 5,6 отсто, а со неа се тргуваше во вредност од 14,6 милиони денари или нешто повеќе од 230.000 евра.

Втора според обем на тргување беше акцијата на Алкалоид, која забележа пад од 4,4 отсто а беше тргувана во вредност од 9,8 милиони денари или 160.000 евра.

Меѓу најтргуваните акции беше и акцијата на Макпетрол чија вредност падна за 5,8 отсто, а беше тргувана за нешто помалку од 3 милиони денари или 48.000 евра.